Хрватска ја критикува Србија за споменикот на Дража Михаиловиќ во Белград

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска остро ја критикуваше Србија за отворањето на спомен-собата со споменик на лидерот на четничкото движење Драгољуб Дража Михаиловиќ во Белград, наведувајќи дека глорификацијата на воените злосторници е спротивно на европските вредности.

Министерството во соопштението наведува дека „ваквите дејствија се апсолутно неприфатливи, загрижувачки и се во целосна спротивност со она што Србија декларативно го наведува како своја стратешка цел, а тоа е членството во ЕУ“.

– За жал, овој настан е само последниот во низата работи што се случуваат во Србија со години – процесот на рехабилитација на четничкото движење, вклучително и неговиот лидер Дража Михаиловиќ, соопшти хрватското министерство.

Во него се додава дека Хрватска го осудува тој чин и очекува Србија и нејзините институции „да ја отфрлат политиката на релативизирање и величење на злосторствата“.

– Препишувањето на минатото, како и глорификацијата на воените злосторници, се спротивни на европските вредности, тие претставуваат навреда за жртвите, како и за сите членови на луѓето кои биле жртви на оние кои сега се рехабилитираат, додаваат од Министерството за надворешни и европски работи.

Се наведува и дека односите можат да се градат „само со искрен однос кон минатото, помирување и решавање на отворените прашања“ и дека Хрватска очекува „конкретни потези“ од Србија во решавањето на судбината на исчезнатите, во однос на јурисдикцијата за гонење воени злосторства и во сите други отворени прашања.

Спомен-собата на Михаиловиќ и споменикот на улицата пред собата која е именувана како Музеј беа отворени со масовен собир на 17 октомври во приватен простор во белградската општина Звездара, на иницијатива на Игор Брауновиќ, пратеник на Социјалистичката партија на Србија (СПС) кој е и вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Србијашуме, претседател на здружението Наша Дрина и на Ветеранските организации на Србија и Српска

Back to top button
Close