Хрватска испраќа еден авион и два екипажи на помош за пожарите

Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Северна Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти Министерството.

Се работи за авион Canadair CL-415 со два екипажи , кои се испраќаат по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ.

Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава.

Back to top button
Close