Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, со лисици донесен во суд

Хрватскиот министер за здравство, сега веќе поранешен, Вили Берош, кој ноќта ја помина зад решетки откако синоќа беше приведен, утрово е донесен кај истражен судија со лисици на рацете.

Тој ги прекри рацете со јакна, додека полицајци го водеа кон судот. Новинарот на РТЛ му постави три прашања на министерот:

„Дали се чувствува виновен?“, na на што Бероп одговори само „Не“.

„Што велите за обвинувањата“, на што Берош кусо одговори дека се неосновани, а запрашан дали ќе може да докаже, рече „Апсолутно да“.

Берош според неговиот адвокат, ги отфрла сомнежите за корупција, односно вмешаност во набавка на преплатени болнички апарати.

Сомнежите за корупција на поранешниот министер за здравство Вили Берош ги истражува и Европското обвинителство (ЕСЈО) кое извести дека покренало истрага против него и уште седум лица и две фирми за злосторничко здружување.

Според неофицијални информации кои ги пренесуваат медиумите, на чело на злосторничкото здружение во европската истрага бил контроверзниот бизнисмен Хрвоје Петрач, кој моментално не е во Хрватска, а осомничени се и неговите синови Новица и Никола.

ЕСЈО го товари Берош за примање мито. Јавниот обвинител на Хрватска пак Иван Турудиќ во петокот рече дека УСКОК го терети Берош за тргување со влијание

Back to top button
Close