Хрватскиот Сабор го одби предлогот на опозицијата за импичмент на шефот на дипломатијата

Хрватскиот Сабор денеска со мнозинство гласови го отфрли предлогот на опозицијата за отповикување на министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.
Опозициските пратеници поднесоа предлог за импичмент бидејќи министерот од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) четири години во имотната картичка не ја внел дивидендата од 2,1 милион евра што ја добивал од семејната компанија Агропротеинка.
За импичмент гласаа 48 од вкупно 151 пратеник во Собранието, а 77 беа против.
Пратениците од опозициските партии во своите говори истакнаа дека Грлиќ Радман лажел и дека Агропротеинка, која работи со државата, немаше да добие десетгодишна концесија доколку тој не беше дел од ХДЗ.
Пратеникот на ХДЗ, Давор Иво Стиер, рече дека Агропротеинка склучила договор со државата пред Грлиќ-Радман да стане министер, дека плаќал данок на дивидендите, но не ги внел во имотната картичка, што подоцна го исправил.
Саборот по втор пат за малку повеќе од една година отфрла предлог на опозицијата за отповикување на министерот за надворешни и европски работи. Опозицијата првиот пат како причина го наведе неисполнувањето на надворешнополитичките цели






