Мицкоски од Брисел го сподели промо-видеото по повод 35 години независност на Македонија

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството.
„Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук.
На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во 11 градови, првата изведба на музичко-сценскиот спектакл ќе ја има вечерва во 19:30 часот во Охрид на стадионот „Билјанини извори“.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении.
Низ приказната за македонските успеси низ годините не води познатиот актер, водител и изведувач Игор Џамбазов, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски во придружба на Македонската Филхармонија ја изведуваат познатата песна „Љуби ме и главата горе“ на Зафир Хаџиманов, а во него учествуваат и други актери од постарата и помладата генерација.
Џамбазов ја започнува приказната: „Луѓе какви 35 години!“.

Се уште е тајна колку тежи договорот со Владата како и оној за хонорарите на домашните и странските учесници. Иако овие прашања беа поставени уште на првата прес конференција, јавноста остана покуса за овие информации и со почетокот на музичкиот караван .




На 11 август спектаклот ќе биде изведен во Битола пред платото на Офицерскиот дом, а на 12 август во паркот пред Општина Велес.

Кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.
Манифестацијата „35 години независност на Македонија“ започна на 2 Август – Илинден во Битола. Организатор е „Авалон“ во соработка со Владата на С Македонија.
Извор: nezavisen.mk






