И Бернардески позитивен на коронавирус

Бернардески може да го напушти Јувентус поради трансферот на Кулушевски - МИА

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е позитивен на коронавирус, јавија денеска локалните медиуми, напоменувајќи дека тој е седмиот репрезентативец на Италија заразен со Ковид-19 по враќање од обврските со националниот тим во мундијалските квалификации.

Бернардески, како што соопшти Јувентус, нема симптоми и се наоѓа во самоизолација.

Офанзивниот играч за врска нема да може да му помогне на актуелниот италијански првак на утрешниот меч против Наполи во Серија А.

Претходно позитивни на коронавирус беа и соиграчите на Бернардески во италијанскиот национален тим, Леонаро Бонучи, Мерко Верати, Алесандро Флоренци, Винченцо Грифо, Алесио Крањо и Салваторе Сиругу.

Back to top button
Close