И покрај седницата на Советот, синдикатот вели дека во Скопје во понеделник нема да има јавен превоз

И покрај тоа што Советот на Град Скопје в понеделник ќе оддржи вонредна седница на која треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра на ЈСП, како единствена точка на дневен ред- сепак автобусите од понеделник нема да сообраќаат, пренесе Канал 5.

Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП, вели дека единствено не се исклучува можноста да биде пуштена по една линија која би ги однела децата на првиот училишен час од првото полугодие, но тоа ќе биде договорено викендов од страна на раководниот кадар на ЈСП. Покрај возачите ќе штрајкува и администрацијата, а Стојановски посочува дека се што бараат е редовна и загарантирана исплата на платите.

„Во моментов пратејќи ги сите чинители и фактори во градот Скопје, јавен градски превоз во понеделник наутро ќе нема. Советот на Град Скопје е тој што носи одлуки и што си игра со нервите и на вработените во ЈСП и на граѓаните на Град Скопје. Ако на некој советник, градоначалник и политичар му е битно за жителите на Градот Скопје и за сите оние стотици илјади доаѓаат во градот да си заработат парче леб за своите семејства, така и ние сакаме да си однесеме парче леб за своите семејства.

Повеќе

Back to top button
Close