И српската новинарка Христина Стоиљковиќ го обвини Бранислав Лечиќ за сексуално вознемирување

По тврдењето на актерката Даниела Штајнфелд дека била жртва на сексуално злоставување од нејзиниот колега актер, режисер и поранешен министер за култура Бранислав Лечиќ, се огласи и новинарката Христина Стоиљковиќ.

Христина Стоиљковиќ е водителка на политичкото шоу „Една минута до 12“ која се охрабри да ја сподели својата приказна. Стоиљковиќ реши тоа да го направи јавно, споделувајќи преписки со споменатиот актер на својот твитер-профил.

Hristina Stoiljković

Имено, како што тврди Христина, со Лечиќ се запознала за време на снимањето на споменатата емисија во 2019 година, а после тоа, како што тврди, почнало „демнењето“ од Бранислав.

По неговото гостување, таа започнала да прима најразлични вознемирувачки пораки од Бранислав, на кои иако немало одговор од нејзина страна, тој бил упорен.

Христина, не можам да оделам, морам да ти кажам. Ми се допадна денес. Твојата енергија е духовна и еротска. А тоа е ретка комбинација…“, ѝ пишал Лечиќ по гостувањето во емисијата на 23 март 2019 година.

Христина, така ли се браниш од предизвици? Ова е премногу лесно за мене“, „Ми требаш, јави ми се“…

Во објавата на социјалните мрежи, новинарката напиша дека тоа е вообичаен манир на Лечиќ.

Прво, Лечиќ се поставува како да ти прави огромна чест што му се допаѓаш. А потоа еден куп пораки проследени со речиси секојдневно јавување. Со недели, дотичниот не беше премногу погоден што сите повици и пораки, останаа без одговор“, напиша водителката во описот на својата објава на „Твитер“.

Back to top button
Close