И „ТикТок“ прекинува со објавување нови содржини на видеосервисот во Русија

Видеоапликацијата „ТикТок“ објави дека го прекинува преносот во живо и новите содржини на својот видеосервис во Русија додека ги разгледува безбедносните импликации од новиот закон според кој постои можност за затворање на секој медиум за кој властите сметаат дека шири „лажни“ вести.

Од платформата велат дека нејзината услуга за пораки во апликација ќе продолжи да функционира.

„Ќе продолжиме да го следиме развојот на ситуацијата во Русија за да одредиме кога целосно би можеле да ги обновиме нашите услуги, при што безбедноста останува наш главен приоритет – велат од компанијата.

Голем број меѓународни медиумски организации ја прекинаа својата работа во Русија, поради загриженоста за безбедноста на нивните работници со новиот закон. Меѓу нив се Би-би-си, Блумберг Њуз, канадскиот ЦБЦ, германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ и италијанскиот РАИ.

Руската влада во меѓувреме го забрани пристапот до Фејсбук.

 

 

Back to top button
Close