ИЈЗ: Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар
Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.

По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците.
Институтот за јавно здравје истакнува дека е во постојана комуникација и координација со надлежните државни институции.
Агенцијата за храна и ветеринарство вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.
Случајот со водата за пиење од градскиот водовод стана актуелен откако деновиве беше регистриран зголемен број граѓани кои побарале медицинска помош поради стомачни тегоби.






