Ибрахим од ПДТ: Од поделено општество создадовме општество кое нуди еднакви можности на сите

 Претседателот на Партијата за движење на Турците (ПДТ) и кандидат за пратеник, Енес Ибрахим во рамки на предизборната кампања оствари средба со сопартијците и граѓаните од Гостивар. На средбата во летниот амфитеатар тој ги изнесе клучните точки од изборната програма на оваа политичка партија.

Ибрахим кој е дел од коалицијата „Можеме“ во обраќањето истакна дека разликата меѓу режимскиот период и владеењето во последните три години е очигледна.

–Од поделено општество и разнебитени граѓани создадовме општество кое нуди еднакви можности на сите, општество кое се одликува со солидарност, заедништво и слободарски дух. Во нашиот концепт нема место за раздор, бидејќи разноликоста ја перципираме како предност и богатство на оваа земја, а Гостивар е светол пример на средина каде сите заедници функционираат во кохезија, рече Ибрахим.

Тој се осврна и на денот на изборите, додавајќи дека граѓаните треба да ја дадат поддршката на кандидатските листи на коалицијата „Можеме“ на 15 јули и со тоа, како што нагласи, ќе потврдат дека се за континуитет на успешните политики од изминатите три години.

Back to top button
Close