Ифтарската вечера меѓу ВЛЕН и премиерот на Косово без публицитет и далеку од очите на јавноста
Нема информации за вчерашната средба на лидерите на ВЛЕН со премиерот на Косово, Албин Курти, во Приштина. За разлика од другите состаноци, овој пат не беа објавени ниту фотографии, ниту темите на дискусија. Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Тавари, вели дека на синоќешниот ифтар со лидерите на ВЛЕН кај премиерот Албин Курти, биле отворени актуелните политички теми, вклучувајќи ги и комбинаториките за претстојните локални избори.
„Разговаравме општо, веќе постојат работни групи во рамките на ВЛЕН кои разговараат за составување на листи или одделно или поедиинечно, или заеднички и за кандидатури“, рече Таравари.
Приоритет, според Таравари, останува продолжувањето на функционирањето на коалицијата, но се уште нема дефинитивна одлука за тоа.
„Во принцип, приоритет е ВЛЕН да продолжиме заедно, но ние го гледаме тоа и го правиме. Ги анализираме сите околности, за да го најдеме најдобриот можен начин ВЛЕН да продолжи и да настапи како заедничка партија на локалните избори“, додава Таравари.
Претходно, Алсат неофицијално извести за несогласувања во коалицијата ВЛЕН, поради што беше отворена опцијата Таравари да ја напушти коалицијата. На состанокот на лидерите на ВЛЕН на 24 март имаше судири околу тоа како да се кандидираат на локалните избори што треба да се одржат во октомври.
Несогласувањата, неофицијално, беа околу поделбата на изборниот колач, но и околу тоа дали да се оди на избори со посебни или заеднички листи. Ситуацијата, дополнително ја вжештиле и неофицијалните информации дека АА се сретнала со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кои Таравари ги демантираше, но не добивме официјален демант дека постојат линии на комуникација со интегративците.
Суад Бајрами