ИГРАНКА СО ТРАМП
Најмалку 100 семејства не дочекале ни крај на школската година за да се иселат. Толку им се брзало да ја напуштат оваа убавина.
„Инстант резултати нема“, вели премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Вашингтон каде што беше за време на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД.
Не сум сигурен дали сѐ ќе беше поинаку ако СДСМ не се фатеа само за прашањето дали премиерот навистина имал покана за инаугурацијата и дали се сликал со битни луѓе или со ојле-дојле по хотелски сали и коктели, или пак, ако уште пред да тргне за Вашингтон, од тимот на Мицкоски не пробаа да нѐ излажат дека е единствениот од Балканот кој е поканет на инаугурацијата на американскиот претседател.
Ако може нека не ни ја потценуваат интелигенцијата и да не пробуваат да нѐ импресионираат со глупости. И едните и другите. Битно е да видиме дали ќе има резултати од тоа патување и какви ќе бидат, или целата епизода ќе биде само уште една пиар игранка.
Почнува нова ера. Со Трамп не се менуваат само САД. Се менува светот. Каква и да е таа промена, на добро или на лошо, апсолутно нема никаква штета од тоа што премиерот решил уште првиот ден на новата американска администрација да проба да ги искористи контактите со некои луѓе кои имаат некаква улога во тоа општество. Да дигне два прста – ало, и јас сум тука.
Што сме ние? Зрнце во светската политичка сцена. Македонија не е Италија. А ни Христијан Мицкоски не е Џорџа Мелони, за да биде во Ротондата на Капитол наместо во ложа на спортска сала. Толку ни е силата.
Но, додека јавноста се занимава дали премиерот во САД имал дипломатска офанзива или барал добар агол за селфи, да не заборавиме дека единствениот горлив проблем останува како да се внесат Бугарите во Уставот, а да се осигура дека ЕУ нема понатаму да нѐ зафркава и кочи. А ако не се смени Уставот, како да се смени преговарачката рамка и дали воопшто да се преговара со ЕУ.
Ама, бидејќи премиерот вели дека „македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската унија“, тогаш нека олабави малку со популизмот на тема Грција. На сите маки што ги имаме дома и на сите пречки што ни ги постави ЕУ, не ни треба повторно да го отвораме единствениот решен проблем што го имаме со комшиите
Целиот текс на колумната на Горан Михајловски на сдк.мк