Илјадници демонстранти на протест во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

Неколку илјади демонстранти на протестот во Тел Авив синоќа побараа крај на војната во Појасот Газа, истакнувајќи ја сè посериозната хуманитарна криза и кризата со гладот во палестинската енклава.

Протестниот марш започна на плоштадот Хабим, а толпата се движеше низ централните улици на градот носејќи вреќи брашно и фотографии од палестински деца кои починаа од глад за време на конфликтот, објави утрово „Тајмс оф Израел“.

-Држиме слики од палестински деца од Газа кои починаа од глад. Тие починаа додека Израел ја блокираше помошта за Газа. Тука сме да побараме крај на гладот, рече организаторот на протестот Алон Ли-Грин за време на митингот.

Израелските власти постојано ги негираа извештаите за широко распространет глад во Газа, тврдејќи дека дозволуваат влез на хуманитарна помош, вклучително и храна.

-Тие ни велат дека нема глад. Ова се лаги. Еве слики од деца кои гладуваат, рече еден демонстрант, покажувајќи фотографии од прегладнети деца.

Не се пријавени апсења за време на митингот

Back to top button
Close