Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра
Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето во домашен притвор, откако депонира банкарска гаранција од 500.000 евра.

Со одлука на надлежниот суд, мерката притвор му е заменета со домашен притвор до стартот на судскиот процес.
Во домашен притвор е и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, кој обезбеди гаранција од 1.000.000 евра.






