Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на Трамп на Флорида

Американскиот милијардер Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, каде Трамп приреди гала вечера.

Маск го носел на раменици својот четиригодишен син кога пристигнал на имотот на Трамп, објави американски „Сан“.

На приемот присуствуваа и новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и сенаторот Тед Круз.

Маск наводно живее во луксузна куќа на имотот Мар-а-Лаго за да може постојано да биде во близина на новоизбраниот претседател

Back to top button
Close