Илон Маск понуди милијарда долари за Википедија! Но постави услов
Илон Маск повторно е во центарот на вниманието откако ја повтори својата понуда од милијарди долари за популарната веб-страница Википедија, но со неочекуван и контроверзен услов. Маск бара да се смени името на оваа светски позната енциклопедија за да може да се реализира донацијата.
Маск рече дека ќе донира милијарда долари доколку Википедија го промени името во „Дикипедија“. Барањето предизвика низа реакции, од шеги до сериозни критики, при што многумина ги доведуваат во прашање намерите на Маск. Иако неговите коментари се често хумористични, понудата предизвика дебата за границите на влијанието на милијардерот на глобалните платформи од јавно значење.
Маск преку социјалната мрежа Х нагласи дека неговата понуда се уште стои, но ова барање на многумина им изгледало како уште еден негов ексцентричен потег, без сериозна намера. Неговата склоност кон провокации на социјалните мрежи во минатото често служеше како маркетинг стратегија, но овој пат реакциите беа различни.