Имам грижа на совест и носам голем товар за тоа што го сторив и не можам да ви објаснам какво каење чувствувам, рече Јованов во завршниот збор

„Не поминува ден, а да не се молам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство. Ова е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до фамилијата и најдлабоко извинување за оние што ја познаваат. Не знам како ќе продолжам со остатокот од мојот живот“ рече Васил Јованов.
Претходно неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека при одмерувањето на казната судот треба да ги има предвид признавањето вина и каењето што Васил го покажал уште во првиот момент и да биде соодветна на изнесените докази.(360 степени)