Индија побара од Бајден да го укине ембаргото на извоз на суровини

Индискиот Институт за серум, најголемиот светски производител на вакцини, го повика денеска американскиот претседател Џо Бајден да го укине ембаргото на американскиот извоз на суровини, бидејќи му штети на индиското производство на вакцини против Ковид-19.
– Почитуван претседателе на САД, ако навистинина сме обединети во напорите да го победиме овој вирус, ве молиме во име на индустријата на вакцини надвор од САД, да го укинете ембаргото на извоз на суровини за да може да се забрза производството на вакцини, напиша на Твитер извршниот директор на Институтот, Адар Понавала.
Институтот за серум ја произведува вакцината на Астра Зенека за целиот свет, а наскоро почнува со производство на вакцината Новавакс.






