Индиец убиен при обид за селфи со лав
Маж од Индија се прекачил на ограда висока седум метри во заградена зоолошка градина во сојузната држава Андра Прадеш, за да се слика со лав, по што животното скокнало и го убило човекот.
Прахлад Гуџар, 38-годишен, вчера влегол во живеалиштето на лавот во Зоолошката градина „Шри Венкатесвара“, занемарувајќи ги предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното. Лавот Донгалпур тогаш го нападнал Гуџар, пред чуварот да може да го спречи инцидентот.
Во зоолошката градина има уште два лава – Кумар и Сундар.
Надлежните вршат обдукција на телото за да утврдат дали човекот во тој миг бил под дејство на алкохол