Иницијативата „Стоп за Усје“ најави нова граѓанска блокада поради загадувањето: „Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден

По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, од иницијативата „Стоп за Усје“ велат дека нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но досега не добиле никаков одговор, ниту биле повикани на разговор, пренесе 24инфо.мк.

„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет Усје.

Од „Стоп за Усје“ посочуваат дека компанијата и понатаму одбива да постави мерни станици со јавно достапни податоци, што, според нив, ја поткопува довербата во официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Тие нагласуваат дека протестот произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено поради ризиците за децата и за населението кое живее во околината.

Новата граѓанска блокада е најавена за 21 јануари 2026 година (среда) во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, на правецот кон Усје

Back to top button
Close