Иницирани три постапки за злоупотреби од функционери, за две веќе има основано сомнение за кривични пријави


Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска досега иницирал три постапки поврзани со злоупотреби од страна на функционери. Во интервју за МИА, вицепремиерката Грковска потенцира дека за две постои основано сомнение за поднесувањето кривична пријава, додека третиот случај е поднесен пред извесно време и станува збор за голем и обемен случај, поради што не очекува до крајот на годината да има исход од страна на истражните органи.

Вицепремиерката не открива за какви случаи и за кого станува збор, но потенцира дека се постапува непристрасно, без оглед за кого станува збор, доколку Кабинетот добие инормации за злоупотреба.

– Јас сум многу приврзаник на презумпцијата на невиност и на легалниот след на настаните. Важно е дека ние како Кабинет и, добро е граѓаните да знаат, дека постапуваме и дека ако добиеме информации кои ако укажуваат на тоа дека е можно да има одредена злоупотреба на законски решенија, на одредени постапки, дека непристрасно одлучуваме без разлика за кого станува збор, дали е министер во Владата, директори во јавни институции… Како и да е за нас воопшто не е важно, туку е важно само дали има некаква основа за евентуална злоупотреба, која понатака ја проследуваме до надлежните институции и како фидбек од нивна страна добивме дека за две од нив постои основа за покренување на кривична постапка. Третиот е прилично голем. Скоро го поднесовме и затоа не очекуваме до крајот на годинава да може да имаме некаков исход, изјави Грковска во интервјуто за МИА, кое во целост ќе биде објавено денеска

Back to top button
Close