Иран доби нов врховен лидер: Моџтаба Хамнеи го наследи својот татко


Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави медиумот Iran International.

Според истиот извор, изборот бил спроведен под силен притисок од Исламска револуционерна гарда.

Моџтаба Хамнеи го наследува својот татко, Али Хамнеи, кој загина во израелски воздушен напад извршен во саботата.

Новиот врховен лидер е вториот најстар син на поранешниот ирански лидер. Во младоста учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на Исламската револуционерна гарда, а подоцна бил поврзуван и со раководење на паравоената организација Басиџ.

Басиџ одигра значајна улога во задушувањето на протестите во Иран по претседателските избори во 2009 година, кога безбедносните сили се соочија со масовни демонстрации низ земјата.

Back to top button
Close