Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели ако се приклучат на САД


Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, изјави дека Техеран ги информирал европските и другите земји дека ќе бидат легитимни цели на иранските напади ако се приклучат на војната против Иран, на страната на САД и Израел.

-Техеран веќе ги информираше Европејците и сите други дека треба да бидат внимателни и да не се приклучат на оваа агресивна војна против Иран. Доколку која било земја им се придружи на САД и Израел во агресијата против Иран, таа ќе биде легитимна цел на иранска одмазда – рече Тахт-Раванчи.

Тој потврди дека Иран напаѓа курдски групи во соседен Ирак, по објавувањето на извештаите дека ЦИА и Мосад ги вооружуваат овие групи.

-Доколку има потреба да се заштити нашиот суверенитет, дефинитивно ќе го сториме тоа – нагласи Тахт-Раванчи.

Back to top button
Close