Иран ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради критиките за нападот врз Израел
Министерство за надворешни работи на Иран денеска ги повика амбасадорите на Велика Британија, Франција и Германија поради нивниот „неодговорен став“ за синоќешните напади врз Израел.
– Тројцата европски дипломати беа поканети во МНР по неодговорните ставови на некои функционери на тие земји во однос на одговорот на Иран на низата дејствија на ционистичкиот режим против граѓаните и интересите на нашата земја, се наведува во соопштението на иранското МНР.
Лондон, Париз и Берлин го осудија иранскиот напад врз Израел.
Директорот за Западна Европа во иранското МНР ги обвини трите земји за „двојни стандарди“ затоа што претходно се спротивставија на руската нацрт-изјава во Советот за безбедност на ОН, со која се осудуваше израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Сирија.