Иран го одби барањето на МААЕ за проверка на неговите нуклеарни објекти

Иран денеска го отфрли повикот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да дозволи инспекција на два објекти, што може да предизвика нови проблеми во спорот околу иранската нуклеарна програма.

– Ако МААЕ продолжи со овој пристап, тоа би можело да предизвика проблеми во билатералните односи, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој најави дека Иран „соодветно“ ќе одговори доколку агенцијата за атомска енергија на ОН не се согласи на „конструктивен пристап“.

Иранската дипломатска мисија со седиште во Виена каде е и седиштето на МААЕ, предупреди дека барањата на агенцијата може да доведат до повторна криза во спорот околу иранската нуклеарна програма.

Повеќе од четири месеци Техеран одбива да и дозволи пристап на МААЕ до две локации за кои агенцијата смета дека крие ураниум што не е пријавен.

Инспекција побара шефот на на МААЕ, Рафаел Гроси, кој беше поддржан од Германија, Велика Британија и Франција.

Back to top button
Close