Иран: Ормуската Теснина останува блокирана, спротивно тврдењата на Трамп
Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА.

Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив.
„Ормуската Теснина останува блокирана и нема повторно да биде отворена додека не бидат прифатени условите на Иран“, се наведува во објавата






