Иран вети поддршка на Хамас во борбата против Израел

Техеран ќе му пружи сеопфатна поддршка на Хамас во борбата против Израел, изјави шефот на специјалните сили на иранските вооружени сили „Ал-Кудс”, кои се дел од Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) Исмаил Кани во телефонски разговор со еден од водачите на Хамас, Исмаил Ханија, јави Дојче веле, повикувајќи се на ирански државни медиуми.

Ханија му се заблагодари на Иран за поддршката, велејќи дека конфронтацијата со Израел е „борба не само за Хамас, туку и за целиот исламски свет”.

Техеран го смета Израел за свој непријател и ги поддржува не само Хамас, туку и другите анти-израелски терористички групи на Блискиот исток, како што се Исламски џихад во Газа и Хезболах во Либан. По ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт на 10 мај, целото иранско раководство објави дека „ги осудува бруталните злосторства на Израел против Палестинците“, пренесува ДВ.

Back to top button
Close