Иранците добиваат СМС пораки со предупредување да внимаваат на своите тинејџери


Иранската полиција испрати СМС пораки до жителите на Техеран, во кои ги предупредува „да водат сметка за својата младина и тинејџерите“, пренесе Ал Џезира.

– Со оглед на присуството на терористички групи и вооружени поединци на некои собири минатата ноќ, и нивните планови да предизвикаат смрт, како и цврстата одлука да не се толерира никакво смирување и одлучно да се пресмета со бунтовниците, на семејствата силно им се советува да водат сметка за својата младина и тинејџерите, се наведува во текстот на пораката што ја пренесува Скај Њуз.

Пораките би можеле да се протолкуваат како предупредување до семејствата да не им дозволуваат на младите да одат на протестите, кои почнаа на 28 декември минатата година поради падот на иранската валута и тешката економска ситуација.

Најмалку 648 демонстранти се убиени во Иран, соопшти денеска групата за човекови права во Иран (IHRNGO) со седиште во Норвешка. Во соопштението се наведува дека бројот на жртвите вклучува девет лица помлади од 18 години, како и дека илјадници луѓе се повредени.

Back to top button
Close