Исчезна авион кој полета од Сплит

Денеска во 11:48 часот полицијата добила дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на хрватската Контрола на летање во 11:25 часот на поширокото подрачје на Слуњ исчезнал авион „цесна 182“.Авионот летал од Сплит за Германија.

Веднаш по пријавата, во претресот на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close