Исчезнатата подморница во Индонезија е премногу длабоко за да се извлече

Подморницата која бродови на индонезиската морнарица и денеска ја бараат, најверојатно потонала премногу длабоко за да биде извлечена, што значи дека шансите за преживување за 53-те членови на екипажот се мали.

Според локалните медиуми, властите соопштиле дека подморницата ќе остане без кислород до сабота наутро.

Во моментот кога исчезна, подморницата учествуваше во вежби.

Официјални лица пријавија нафтена дамка во близина на местото каде што таа последен пат нурнала, околу 96 километри северно од островот Бали. Морнарицата верува дека подморницата исчезнала на длабочина од 600 до 700 метри.

Во меѓувреме, индонезискиот претседател Џоко Видодо рече дека наредил „оптимална“ потрага и да се вложат максимални спасувачки напори да не се најде подморницата.

Back to top button
Close