Исцртани полови органи и „Македонија на Македонците“ на објектот на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов

Доцна синоќа бил вандализиран објектот на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави поранешниот претседател на клубот, Љупчо Георгиевски. Тој притоа објави видео од надзорните камери кои го фатиле моментот кога биле испишани пораките на објектот.

Георгиевски во објавата се осврнал на пораката „Македонија на Македонците“, која била испишана при вандализмот.

 

 

„Но не можеме да не обрнеме внимание на повикот „Македонија на Македонците“. Тоа е повик на историското ВМРО, поддржан и од нашиот патрон Иван Михајлов, кој во минатото имал прогресивна и инклузивна смисла — една заедничка држава на сите етноси што го населуваат географскиот регион Македонија — Бугари, Турци, Албанци, Власи и сите други“, наведува тој (lokalno.mk)

Back to top button
Close