Искуство на хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“: Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше за живот

Министерот Филипче на својот ФБ профил пренесе искуство од мајка и ќерка хоспитализирани во  ГОБ „8 Септември“.

– Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот“, вели Весна.

Таа, денеска заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“, пренесе министерот Филипче.

Back to top button
Close