Историска прва титула на ТФТ во кошаркарскиот куп

Кошаркарите на ТФТ го освоија вечерва првиот трофеј во клупската историја, откако триумфираа во финалето на македонскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ над бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со 80:66 (41:37).

Во 29. кошаркарско финале, кое вечерва се одигра во СРЦ „Кале“, ТФТ доминираше над градскиот ривал во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до трофејот во својот дебитантки настап во ова натпреварување.

ТФТ е деветтиот освојувач на кошаркарскиот куп во кој МЗТ Скопје остана на десет трофеи, колку што има и Работнички.

Најефикасен во редовите на ТФТ и на натпреварот беше Американецот Ландриус Хортон со 23 поени, а забележителен настап имаше и неговиот сонародник Амир Смит, кој оствари дабл – дабл ефект со 12 поени и 17 скокови, а беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир

Back to top button
Close