Истражување: Научници создадоа глувци со мозоци што содржат човечки клетки со цел подобро да ги разберат мозочните нарушувања

Со цел подобро да ги разберат мозочните нарушувања и да помогнат во развојот на нови третмани за шизофренија, епилепсија, церебрална парализа, интелектуална попреченост и ретки форми на деменција, истражувачи создале глувци со мозоци што содржат човечки клетки, објави „Гардијан“.

Човечките мозочни клетки одгледувани во лабораторија биле вбризгувани во генетски модифицирани животни, односно глодари родени без кортекс или хипокампус.

За таа цел, експертите зеле клетки од пациенти со мозочни нарушувања претворајќи ги во мозочно ткиво, и на тој начин можеле да го следат развојот и функционирањето на човечките мозочни клетки во жив организам.

– Овој експеримент би можел да ни помогне подобро да ги разбереме механизмите што стојат зад различни невролошки и психијатриски нарушувања, како и за создавање на нови терапии во иднина, објаснуваат експертите.

Back to top button
Close