Истражување: Затворена врата од спалната соба може да го забави евентуалниот пожар ноќе
Луѓето често ја оставаат вратата од спалната соба отворена, од различни причини – поради грижа за децата, регулирање температура или за подобра циркулација на воздухот.
Речиси 60 отсто од луѓето го прифаќаат како нешто сосем нормално. Мнозина мислат дека е побезбедно да се спие со отворена врата, меѓутоа, истражување на американскиот Институт за безбедност при пожар посочува дека затворената врата од спалната соба може да има клучна улога во безбедноста во случај на пожар ноќе. Сѐ поголем број повици и предупредувања од безбедносно-пожарникарите организации во САД ја нагласуваат важноста од затворање на вратите дома ноќе – особено на вратата од спалната соба на децата, пишува „Крстарица“.
Имено, при пожар, затворена врата може да го забави ширењето на пламенот, да ја намали количината отровен чад, да го подобри присуството на кислород во просторијата и да ја намали температурата.
Тоа, се вели, може значително да ги зголеми шансите за спасување човечки животи во случај на пожар.
Освен тоа, последниве години, просечното време потребно за бегство од запалена просторија значително се намали и поради зголемената употреба на вештачки материјали во градежништвото, мебелот и украсувањето