Италијанецот Алесандро Чиочети именуван за нов главен секретар на ЕП

Италијанецот Алесандро Чиочети е именуван за нов главен секретар на Европскиот парламент (ЕП), а постапката според медиумите е изведена со контроверзна одлука.

Чиочети на 1 јануари ќе го наследи Германецот Клаус Веле, кој на функцијата беше од 2009 година.

Одлуката кој ќе ја добие оваа позиција, ја донесуваат 14 потпретседатели на ЕП и пет членови на советодавната канцеларија познати како квестори.

По сослушувањето на четворицата кандидати, се одржа „внимателно разгледување“ и одлуката Чиочети да биде именуван, е донесена со „многу големо мнозинство“, се наведува во соопштението на ЕП, без да биде прецизирано кој гласал за него.

Именувањето предизвика остри критики од Зелените и Социјалдемократите во Европската Унија. Според потпретседателката на ЕП, Хејди Хаутала од Зелените, избирачкиот процес е несоодветен, а секој кандидат се претставувал само десет минути.

Чиочети сега е шеф на кабинетот на претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

Back to top button
Close