Ивановиќ: Црногорската СНП е за влез во малцинската влада на Абазовиќ

Раководството на Социјалистичката народна партија (СНП) на Црна Гора е за влез во малцинската влада, изјави синоќа пратеникот на оваа партија Драган Ивановиќ.

Ивановиќ за ТВ Прва најави дека седницата на Главниот одбор на СНП ќе се одржи утре и притоа нагласи дека на неа ќе се донесе одлуката за влез во малцинската влада, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.

Пратеникот на СНП тврди дека во новата влада нема да има заштитени или ќе има поединци кои ќе бидат над законот.

Ивановиќ додаде дека доколку се формира новата влада приоритет ќе бидат пописот на населението, темелниот  договор со Српската православна црква и законот за потеклото на имотот.

Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, претходно за мандатар за состав на новата малцинска влада го предложи лидерот на Граѓанското движење УРА и поранешен вицепремиер Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ ја повика СНП што поскоро да одлучи дали ќе биде дел од новата влада

Back to top button
Close