Ивица Дачиќ хоспитализиран во тешка состојба

Претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи, е во тешка здравствена состојба, итно е примен во болница и е поврзан на апарати.

Како што објавија медиумите, на Дачиќ му е дијагностицирана обострана пневмонија

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) со години страда од дијабетес и други придружни болести.

Состојбата на Дачиќ ненадејно и нагло се влошила во последните неколку дена, а денес е примен на болничко лекување.

Дачиќ не присуствуваше на денешната комеморација на поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор на СР Југославија во ОН, Владислав Јовановиќ

 

 

Жал ми е што Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, не е присутен тука од технички причини“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

 

Вучиќ го посети вицепремиерот на Србија, Ивица Дачиќ, кој беше хоспитализиран поради тешка пневмонија. Според изјавата на лекарот Поповиќ, животот на Дачиќ е во опасност.

 

„Го посетивме Ивица Дачиќ. Тешка е ситуацијата, но верувам во лекарите, му верувам и се молиме за него“, рече Вучиќ.

 

Доктор Поповиќ, кој се грижи за министерот Дачиќ, рече дека животот на Дачиќ е во опасност.

 

„Ситуацијата е многу тешка. Има тешка пневмонија. Моментално е на механичка вентилација, односно на респиратор. Прима најдобри антибиотици и сета друга терапија. Со тој респиратор, купуваме време потребно за овие лекови да дејствуваат. Се бориме за неговиот живот. Станува збор за тешка пневмонија“, рече тој.

 

Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот.

 

 

 

Back to top button
Close