Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години

Затвореникот Беким Мемети кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица, пишува Телма.

Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Во септември 2016-та година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

(…)

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Back to top button
Close