Избришана е групата „Јавна соба”

Избришана групата „Јавна соба” на социјалната мрежа Телеграм.

Претходно Владата побара од Телеграм да ја избрише групата Јавна соба, во спротивно, вели премиерот Зоран Заев, ќе се разгледа можноста апликацијата да се блокира или да го ограничи нејзиното користење во земјава.

Потегот доаѓа откако групата Јавна соба повторно се активира на мрежата Телеграм, а полицијата влезе во трага на дел од лицата кои недозволено постирале фотографии со експлицитни содржини и вознемирувале девојки и жени на социјалните мрежи.

Back to top button
Close