Силјановска-Давкова во Дебар: Мојата победа е јасна

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова попладнево беше во посета на Дебар и Ростуше, каде што имаше средби со граѓани, на кои им се заблагодари за поддршката и порача дека на 8 мај вечерта заедно ќе ја слават победата.

-Ја заслуживте мојата благодарност за поддршката во првиот круг, без вашите гласови сигурно дека немаше да биде ваков резултатот каков што е многу инспиративен, не само за мене, не само за ВМРО-ДПМНЕ, туку за сите граѓани. Ние не агитираме, не ви велиме дека мора да гласате за нас, ама знаеме за кого ќе гласате. Ќе гласате за подобрите, ќе гласате за оние кои носат промени, а не оние кои велат дека грешеле ама сега ќе се обидат тоа што го згрешиле да го поправат, бидејќи тоа е невозможно, изјави Давкова во Дебар.

Не е точно, додаде, дека стартуваме од нула, нагласувајќи дека „ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол“.

-Продолжувам онаму каде што застанавме таму каде што вие ни рековте дека треба да застанеме зашто гласовите се ваши, гласовите се на граѓаните и ние тоа нема да го заборавиме. Ако реков дека во првиот круг очекувам политички земјотрес, тој се случи, дури и со поголема разорна сила, која го допре СДСМ ама на 8 мај очекувам политички вулкан, бидејќи некои процеси можат да се насетат и не можат да се избегнат. Неминовен е поразот на СДСМ, на ДУИ, на коалицијата и неминовна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Неминовен е поразот на господинот Пендаровски и се насетува мојата победа. Тоа е јасно. Ова власт мора да си оди, рече меѓу другото таа.

Испочитувајќи го езанот на дебарските имами таа за кусо ја прекина изјавата, породлжувајќи со ветување дека ќе биде претседателка на сите.

Можеби ова е добар момент да кажам дека ќе бидам претседателка на сите, ќе се однесувам натпартиски, ќе се однесувам со почит кон граѓаните без оглед на етничката, верска или било каква друга припадност, бидејќи претседателите, а особено претседателките треба да обединуваат, а не да разединуваат. Ќе функционирам посветено одговорно како дома, бидејќи Македонија е мојата многубројна фамилија. Само така ќе си ја вратиме гордоста ,а Македонија ќе има на што да биде горда, порача Давкова од Дебар.

На средбите што ги имаше во Ростуше искажа убеденост дека победата на 8 мај ќе биде уште поголема.

-Шанса за опоравување кај нив нема, ама кај нас еве потсетете ме, на 9 или на 8 мај вечерта, има шанса за уште поголема победа, заедно со парламентарните избори и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи претседателот и премиерот се две глави на извршната власт мислам дека уште посилни ќе бидеме, рече меѓу другото кандидатката за претседател во Ростуше.

 

Фото: МИА

 

 

ТАГОВИ

силјановска дебар пораз пендаровски

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

Во Берово се проширува и модернизира уличното осветлување

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Во Берово се проширува и модернизира уличното осветлување

Таравари: „Вреди“ единствена албанска опција на 8 мај, промената доаѓа

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Таравари: „Вреди“ единствена албанска опција на 8 мај, промената доаѓа

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Битиќи од Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8 мај заеднички одлучуваме за победникот

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Битиќи од Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8 мај заеднички одлучуваме за победникот

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Европска недела на имунизација: Се зголемува опфатот на вакцинирани деца, ама се уште е под препорачаниот праг

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Европска недела на имунизација: Се зголемува опфатот на вакцинирани деца, ама се уште е под препорачаниот праг

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Од Елизабета

13:31, 27 април, 2024

Полиграфот – можен инструмент во борбата против корупцијата или само уште една алатка за партизација на институциите

Полиграфот – можен инстру…

 

Од Виолета

09:52, 27 април, 2024

Села за МИА: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

Села за МИА: Или ги прифа…

 

Од Билјана

09:36, 27 април, 2024

Зајкова за МИА: Убедена сум во победата на Коалицијата за европска иднина и во заокружување на евроинтеграција до 2030 година

Зајкова за МИА: Убедена с…

 

Од Виолета

09:41, 26 април, 2024

 

 

 

ОСТАНИ ПОВРЗАН

Facebook

Youtube

Twitter

Wiki

Instagram

За Миа

Импресум

Маркетинг

Јавни набавки

Инфо од јавен карактер

Оглас

 

Услови на користење

Изјава за приватност

Политика

ISO Политика

Дописници

Оргинални текстови

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи

 

 

 

 

© 2022 Медиумска информативна агенција

Back to top button
Close