Нетанјаху: Ако е потребно Израел сам ќе се бори против непријателот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи, еден ден откако САД се заканија дека ќе ја прекинат испораката на оружје на својот сојузник, дека Израел „ќе се бори сам доколку е потребно“, соопшти прес-службата на премиерот.

„Ако треба да стоиме сами, ќе застанеме сами, тоа го кажав и претходно, ако треба, ќе се бориме и со нокти“, рече Нетанјаху, откако американскиот претседател Џозеф Бајден се закани дека ќе прекине одредени испораки на оружје за Израел ако влезе неговата војскаво  Рафа, град на југот на Појасот Газа.

Израелската армија „има доволно оружје за да ја изврши својата мисија во Рафа“, изјави денеска воениот портпарол Даниел Хагари.

Нетанјаху со месеци инсистира на копнена офанзива од големи размери во Рафа, каде што тврди дека се кријат последните борци на палестинското движење Хамас.

Според ОН, во Рафа има повеќе од еден милион Палестинци раселени поради војната во Појасот Газа.

Back to top button
Close