Косовската претседателка Османи ѝ ја честита победата на Силјановска-Давкова, таа се заблагодари на албански и на македонски јазик

Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзината победа на изборите во Северна Македонија и што стана првата жена претседател во земјата.

Вака косовската претседателка Вјоса Османи денеска на социјалната мрежа Икс и ја честиташе победата на новоизбраната претседателка на Р С Македонија Гордана Силјановска-Давкова, а таа веднаш и одговори, заблагодарувајќи се и изразувајќи можност и подготвеност за идна соработка.

Османи порача дека Косово и Северна Македонија имаат одлични меѓусоседски односи и споделуваат силна посветеност на европската интеграција.


„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзината победа на изборите во Северна Македонија и што стана првата жена претседател на земјата. Косово и Северна Македонија имаат одлични меѓусоседски односи и споделуваат силна посветеност на европската интеграција. Очекувам да соработувам со избраната претседателка на постигнување на оваа заедничка цел и натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија,
напиша Османи на Икс.


„Почитувана Вјоса, ме радува Вашата искрена честитка. Среќна сум поради фактот дека жените во нашиот регион испишуваат политичка историја застанувајќи храбро на клучни позиции. Очекувам и понатаму да продолжиме со соработката за конечно да ја постигнеме клучната стратешка цел, евроинтеграција на целиот регион, како и да ги зацврстиме нашите односи преку една ‘женска‘ синергија,напиша Силјановска-Давкова.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пак, на претседателските избори освои убедлива предност со над 300 илјади гласа пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски поддржан од СДСМ.

Победата на Силјановска уште вчера вечер и ја честиташе српскиот претседател Александар Вучиќ, честитки и упати и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Back to top button
Close