(ВИДЕО) Спасувачките екипи ги извлекоа телата на жртвите во хеликоптерската несреќа во Иран

Спасувачките служби ги извлекле телата на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на уште осум лица кои патувале со хеликоптер што се урна вчера во планините на северозападот на земјата, соопшти утринава Црвената полумесечина.

„Во тек е трансферот на телото на маченикот во Табриз, голем град на северозападот на Иран“, изјави шефот на Црвената полумесечина за државната телевизија, објавувајќи дека операцијата за пребарување е завршена.

Остатоците од хеликоптерот во кој се урна Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан беа пронајдени рано утринава по бурна потрага.

Смртта на Раиси ја потврди потпретседателот Мохсен Мансури во изјава објавена на социјалните мрежи и на телевизија.

Државната телевизија објави дека на снимките од местото на настанот се гледа како хеликоптерот удрил во врвот на планината, но нема официјални информации за причината за падот.

Back to top button
Close