Европската комисија повика Скопје и Атина да се придржуваат до Преспанскиот договор

Европската комисија (ЕК) денеска во изјава за „Еуроактив“ ги повика Скопје и Атина обострано да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби. Во изјавата за порталот, портпаролот на Комисијата изјавил дека билатералните договори треба да се спроведуваат со добра волја од двете страни.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“ изјави за „Еурактив“ портпарол на Европската комисија.
На инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова за нова претседателка на државата, на која таа не го кажа уставното име на државата, туку кажа само Македонија, претходно реагираа челниците на Европската Унија.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, неколку часа по инаугурација речиси истовремено упатија честитки до новата претседателка на земјава, но упатија и порака дека за да го продолжи својот пат кон ЕУ, С Македонија треба да ги почитува меѓународните договори како Преспанскиот.

Back to top button
Close