(ВИДЕО) Километарски колони на пеколни над 40°C, Богородица – Евзони денеска пред колапс

Граничниот премин Евзони моментално е во состојба на целосен сообраќаен хаос. Влезот во Грција од македонска страна е целосно блокиран, а колоната возила долго време стои во место и речиси не се движи.

Ситуацијата е дополнително влошена од екстремната летна жештина – живата во термометарот надмина пеколни 42°C. Заробени во жешки автомобили и на жешкиот асфалт, патниците и возачите почнаа да губат трпение, а оглушувачко и масовно свирење на сирени од речиси сите возила се пробива низ граничниот премин.

.

Сведоштвата за целосниот колапс и нервозата кај туристите брзо се проширија на социјалните мрежи. Видео од овој хаос е објавено на Фејсбук страницата „Грција инфо“, каде што јасно се гледа огромна колона автомобили што стојат во место, додека сирените на нервозните возачи ечат во позадина.

Back to top button
Close