Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид
Физички напад врз 19-годишно момче бил пријавен во СВР Охрид, а инцидентот се случил во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид.

Според информациите од МВР, настанот се случил на 6 ноември, околу 23:40 часот, кога Х. Р. физички го нападнал 19-годишниот Т. Н. Двајцата се жители на Охрид.
Нападот бил пријавен на 7 ноември во 9:40 часот, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок






