Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од истакнатите македонски торакални хирурзи
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Веста за неговата смрт ја објави Сашо Клековски, кој истакна дека Спировски оставил длабока трага во македонското здравство со својата долгогодишна работа и посветеност.
Клековски упати искрено сочувство до семејството, колегите и сите што го познавале, со порака: „Почивај во мир, професоре“.






