Изгласани измените на Кривичниот законик за намалување на казните за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување
Со 48 гласа ЗА, 36 против, и еден воздржан, Собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик
Со Измените на Кривичнот законик по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.
Измените се однесуваат на казните на неколку кривични дела, односно за значително намалените казни за различните облици на кривичното дело од член 353 кое гласи „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394. „Злосторничко здружување“ со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.